Вести
Автомобил удрил во девојче од Бањица
Единаесетгодишно девојче од гостиварска Долна Бањица е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне, на крстосницата на улиците „Ленинградска“ и „18 ноември“ во Гостивар.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи автомобил „Голф“ со гостиварски таблици, управувано од 57-годишниот гостиварец Д.С. удрил во 11-годишното девојче кое се движело како пешак. Од удирањето, девојчето се здобило со телесни повреди и било пренесено во гостиварската болница. По укажаната медицинска помош, било пуштено на домашно лекување.
Точните причини и околностите под кои се случила несреќата ќе се утврдуваат. Според првичните информации, возачот со голфот најверојатно возел пребрзо.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград