Поврзи се со нас

Гостивар

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Објавено

на

Со Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, ќе се градат четири автопатски делници во должина од 108,8 километри, а вредноста е 1,3 милијарди евра, без износот за проектирање и експропријацијата. Се уште не се знае колку ќе чини одделно секоја од делниците, со оглед дека сега има иницијален проект, па ќе следи основен проект, па проект на изведена состојба.

Првичните пресметки покажуваат дека делницата Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри чини 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани (30,3 километри) 560 милиони евра, Требеништа – Струга – Ќафасан (21,7 километри) 360 милиони евра, а Прилеп – Битола (39,4) 260 милиони евра. Автопатските делници ќе бидат со по три ленти и широки по 10,7 метри со зеленило. Просечната цена по километар треба да изнесува 12 милиони евра.

Цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултантската компанија „Гранд Тортон“. Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, односно според принципот на измерени количини. Тоа значи дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен.

„Врз основа на предмерот, кој е дел од Договорот, и количините од карактеристичните профили и патниот коридор што е дефиниран се множи и се добива и цената од 1,3 милијарди евра. „Бехтел“ работи на иновативен модел кој овозможува многу брза градба на автопатот што го има применето во 90-ите во Хрватска, потоа и во другите држави од Балканот. Тој ист модел е применет и тука“, појасни претставник на ИРД.

Износот, посочи тој, може да се зголеми и да се намали. Кај делниците Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар, се работи за проширување на постоечките делници на рамен терен и не се очекува некое изненадување, а покомплицирана е изведбата на Гостивар – Букојчани, бидејќи оди во планински предел и со основниот проект ќе се знаат точните количини.

Стартни активности на делниците Тетово – Гостивар и Прилеп – Битола се најавени за 22 април годинава.

На мапата на ЕУ, Коридор 10 е затворен на ниво на автопатско решение, но Коридор 8 е со многу потежок терен и се потребни сериозни градежни зафати.

Договорот со „Бехтел и Енка“, кои со Закон се номинирани за стратешки партнер од државата во проектот, беше потпишан минатата недела во Владата, а Антикорупциската комисија отвори предмет  за да се проверат објавите за една од компаниите во конзорциумот избран за надзор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена