Вести Гостивар
Бадемово, овесно или соино – Кое растително млеко е најдобра замена за кравјото

Секој ден се повеќе луѓе ги исфрлаат од исхраната млечните производи, а ги заменуваат со алтернативи од растително потекло.
Главна причина за замена на кравјото млеко се интолеранција на лактоза или алергија на протеините во кравјото млеко. На пазарот постојат голем избор на замени, но не може, а да не се запрашаме: од сите овие различни врсти на млеко кое е најдобро?
Бадемово млеко
Ова млеко со причина најмногу се конзумира. Научно е докажано дека е одлична замена за кравјото млеко за луѓе кои поради одредени здравствени причии не смеат да конзумираат кравјо млеко.
Во споредеба со кравјото млеко, бадемовото има помалку заситени и повеќе незаситени масти. Здравите масти во бадемовото млеко помагаат при слабеење. Со оглед дека содржи малку калории и протеини, не е препорачливо за деца во развој.
Овесно млеко
Ова млеко има благ, сладок вкус, доста е кремасто и одлично оди со снегулки во десертите. но и како пијалак. Овесно млеко не смеат да го пијат луѓе кои се алергични на глутен или имаат целијачна болест. Оваа врста на растително млеко има најмногу калории и е најбогато со јаглехидрати.
Млеко од соја
Соиното млеко е најчеста замена за кравјото, а може да ги конзумираат и луѓе кои се алергични на глутен. Во споредба со со останатите растителни млека има најмногу протиеини.
Треба да бидеме свесни и искрени дека ниедно млеко од растително потекло не може да го замени кравјото млеко, бидејќи покрај наведените предности кај растителните, кравјото изобилува со аминокиселини кои не може да се произведат туку може да се добијат само преку храна.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја