Гостивар
Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Со песна, радост во очите и насмевки на лицето, дечињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање. Бадниковата поворка која се одржа утрово, на денот предвесник на големиот христијански празник Божиќ, создаде топла празнична атмосфера низ гостиварските улици. Најмалите гостиварци останаа верни на православната традиција и во голем број се вклучија во настанот.
Во поворката дечињата ги симболизираат ангелите, кои ја пренесуваат радосната вест за раѓањето на Исус носејќи ѕвезди во рацете и пеејќи ја коледарската песна Вечниот Бог. Традиционално тргнаа од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад, поминаа низ улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ и завршија во црквата „Св.Петка“, кај железничката станица. Таму беа дарувани со новогодишни пакетчиња и библија.
Бадниковата поворка ја организира црквата со благослов на митрополитот г.Јосиф и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Прославувањето на Бадник во Гостивар традиционално продолжува со вечерна богослужба, осветување на бадниковите гранчиња и огномет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава