Свет
Бајден ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје, се очекува ескалација на војната

Претседателот во заминување на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на територијата на Русија, што претставува значителна промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт, објави Ројтерс.
Украина повеќе од една година користи воен тактички ракетен систем, попознат како ATACMS, за да гаѓа руски цели на окупирана украинска територија.
Украина употреби ракети ATACMS за да ги нападне воздушните бази на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и воените позиции во регионот Запорожје.
Но, Америка досега не му дозволуваше на Киев да користи ракети со долг дострел во Русија.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по известувањето дека САД дозволиле Киев да ја нападне Русија со проектили со долг дострел, потсети дека за ова зборувал рускиот претседател Владимир Путин и дека рекол дека таков нешто би значело дека „земјите на НАТО во војна со Русија“.
- Претседателот Владимир Путин веќе кажа сè за тоа, рече Захарова.
Зборувајќи за можноста Украина да користи западно оружје за да гаѓа цели на руска територија, Путин во септември рече дека поместувањето на војната понатаму на исток нема да биде крај, „бидејќи војната ќе стигне и до Западот“.
Тогаш Путин предложи и промена на руската нуклеарна доктрина, а меѓу амандманите е и одлуката дека агресијата на ненуклеарна држава, со учество или поддршка на нуклеарна држава, се смета за заеднички напад.
Тврдењата на медиумите дека Бајден ја овластил Украина да користи американски ракети за цели на територијата на Русија, досега не беа потврдени или демантирани од Белата куќа или од Пентагон.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос