Гостивар
Бајрамали Саити продолжува во кошарката како потпретседател во КФСМ

Доскорешниот тим-менаџер на кошаркарскиот клуб Гостивар, Бајрамали Саити и официјално продолжува во Кошаркарската федерација на СМ.
На денешната седница на Управниот одбор на КФСМ која се одржа во просториите на кошаркарската федерација, Саити беше избран за потпретседател кој ќе биде одговорен за бизнис секторот.
„Чест е да се биде дел од оваа екипа во федерацијата која искрено ја сака кошарката, но и уште поголема обврска, бидејќи поставени се високи цели и претстои многу работа. Мора македонската кошарка да се врати онаму каде што и е местото, на врвот, изјави Саити за Gostivarprres.mk по завршувањето на седницата.
Полека, но сигурно новиот претседател Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски го комплетираат тимот кој ќе раководи и ќе се грижи за македонската кошарката за време на нивниот мандат.
Саити, две години беше тим-менаџер на гостиварци. По завршувањето на сезоната за КК Гостивар, поднесе оставка од функцијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите