Вести
Балиндолец испукал триесет куршуми во воздух – завршил во полиција

Педесет и осумгодишен жител на гостиварски Балиндол, во алкохолизирана состојба пукал во воздух од балконот на својата куќа. Како што соопштува СВР, лицето со пиштол што го поседувал со дозвола, испукал во воздух триесетина куршуми, од балкон на дневна соба од куќата, во која живеел сам. Во настанот немало повредени. Набрзо потоа балиндолецот бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Пиштолот „Црвена застава 99“ со празна рамка, како и една воздушна пушка му биле одземени со потврда.
„Извршен е увид, на местото пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се повеќе празни чаури. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.“, известуваат надлежните.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден