Вести
Барања за извод од матична книга на родени по електронски пат
Барањата за издавање на изводи од матичната книга на родени отсега може да се поднесуваат по електронски пат. Управата за водење на матичните книги активираше посебен електронски портал (https://e-portal.uvmk.gov.mk),преку кој ќе може да се извршува оваа услуга.
Во барањето граѓаните треба да изберат во кое матично подрачје ќе го подигнат изводот, а по неговото поднесување, се добива соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт, кога изводот може да се подигне од шалтерите.
Од Управата за водење на матичните книги потенцираат дека барање за издавање на извод мора да се поднесе лично и изводот на шалтерите исто така мора да се подигне лично, со покажување на документ за лична идентификација.
Според најавите, до крајот на годината преку истиот портал ќе се аплицира и за изводи од матична книга на венчани и матична книга на умрени, а документите граѓаните ќе ги добиваат на домашна адреса.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар