fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Барањата на сметководителите одбиени, рокот за завршните сметки останува ист

Објавено

на

    Нема пролонгирање на рокот за завршните сметки. На нови рокови инсистираа сметководителите, а барањето го правдаат со последиците од пандемијата. Министерот за економија Кресник Бектеши рече дека одлуката била донесена врз основа на анализи и дека сметководителите не биле толку погодени од коронакризата.

    „Ние веќе направиме консултации во рамки на институциите и како Министерство за економија, заедно со Министерството за финансии, УЈП и Централниот регистар одлучивме да нема пролонгирање на роковите за завршните сметки. Мислиме дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата“, рече министерот.

    Анкетата на Комората на сметководители покажала дека скоро половината од нив биле корона позитивни, а уште поголем дел се изјасниле дека имале проблеми во текот на работата поради пандемијата.

    “Дури 49.2% од испитаниците се изјасниле дека биле заболени од корона од почетокот на пандемијата, од кои 54,1% се токму во најкритичниот период за нас, од декември 2020 до март 2021. Фрапантните бројки не запираат тука. Воопшто не е за занемарување бројката на оние колеги кои иако не биле заболени, биле во изолација поради член од фамилијата, клиент или колега. Дури 64,8% од испитаниците, или 6480 во апсолутна бројка, се изјасниле дека сериозно бил нарушен текот на работењето од оваа причина. За какви статистички податоци кон Европската унија зборува министерот, кога поради нивната игнорантност години наназад цела професија тивко умира? Дали после овие бројки министерот ќе донесе разумна одлука за пролонгирање на роковите, или и понатаму ќе продолжи да го негира уставното право на секој граѓанин на Македонија, правото на боледување, останува да видиме.”, истакна Александра Андреева, член на Управен одбор на Комора на сметководители

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    АНКЕТА

    Дали ќе одите на летен одмор?

    Вработувања Полог:

    Advertisement
    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!