Поврзи се со нас

Македонија

Барањето за 18.000 денари минимална пензија е нереално и значи дополнителен товар на Фондот, вели Тренчевска

Објавено

на

Решение за дефинирање на минималаната пензија, ќе се бара преку дијалог во работна група со претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посочи дека на следната седница на Владата ќе ја достави информацијата во однос на формирањето на групата.

„Очекувам дека низ дијалог до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение секако следејќи ги примерите на останатите земји, соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи  праг на сиромаштија утврдена од страна од Светска Банка, изјави министерката.

Таа најави дека се очекува ново покачување на пензиите, согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари.

„Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика, врз основа на овие податоци ќе видиме колку ќе биде. Можно е 6, можно е повеќе од 6 проценти. Затоа реков одиме со изјави најмалку со 6 отсто, може  ќе биде и нешто повеќе, се зависи од статистиката“, рече Тренчевска.

Запрашана дали има компромис минималната пензија да биде 18 000, што е едно од барањата на пензионерите, министерката потенцира дека тоа би значело дополнително оптоварување на Фондот за пензиско осигурување и би ја загрозило неговата стабилност.

„Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 е нереална цена затоа што минималната плата ни е 20.000. Тоа значи дополнително оптеретување на ФПИОМ  и доведување во ситуација после три, четири месеци да се прашаме дали 330.000 ќе добијат пензија. Како држава, како министерка, како Влада мора да водиме сметка за стабилност на ФПИОМ, мора да водиме сметка за навремено исплаќање на пензиите, секој месец пензионерот, сите 3330 000 ќе си ги добијат пензиите“, рече Тренчевска.

Подвлече дека не се потребни популистички мерки коишто ќе доведат да во одреден период на неколку месеци ги задоволат сите пензионери вклучително и пензионерите со најниска пензија, но кое на подолг рок значи дека ќе се доведе во прашање стабилноста на фондот.  Нагласи и дека пензиите се економска, а не социјална категорија.

„Никогаш нема да дозволам како министерка каде што еден од најглавните приоритети ми се токму пензионерите, највозрасната категорија граѓани, да се доведе во прашање исплатата на пензиите на кој било од овие 330.000 пензионери. И друга работа висината на пензијата зависи од тоа колку во нашиот работен век вложуваме во системот на пензиско и инвалидско осигурување. Неправедно е да ги изедначиме  луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж затоа што со 40 години стаж апсолутно со вашиот влог преку системот на придонесите вие очекувате да имате поголема пензија. И оние граѓани пензионери кои земаат во моментов минимална пензија најголем дел од нив се со 15 години стаж. И најголем дел од нив ја немале достигнато висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов ќе земале и многу помала пензија. Меѓутоа заради солидарниот систем сме утврдиле линија од која што нема да има пензија 12.500 денари. Во септември ќе биде над 13.300“, рече Тренчевска. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена