Поврзи се со нас

Технологија

Батерии од морска сол можна корисна замена за литиумот

Објавено

на

Батериите од морска сол, според научните сознанија, имаат четири пати поголем капацитет од литиумот, објави „Јуроњуз“ (Euronews). Истражувачите веќе развија батерија направена од натриум-сулфур. Тоа е хемиско соединение што се добива од морска вода. Таквата батерија не само што е поевтина, туку е и поеколошка од постојните литиум-јонски батерии. Одговорниот истражувач Шенглонг Жао од австралиискиот Универзитет на Сиднеј, верува дека оваа батерија може да биде пресвртница во поглед на обновливите извори на енергија. Сепак, според него, има и неколку финансиски препреки за развој на батерии со морска сол.

Со оглед на климатско-еколошките услови, на планетава се зголемува потребата од префрлање на обновливи извори на енергија, како што се ветерот и Сонцето. Сепак, имајќи предвид дека обновливите извори не се толку конзистентни, тука е и потребата од складирање енергија, за што се користат батериите.

Многу батерии кои моментално се достапни се направени од ретки материјали, како што се литиум, јаглен и кобалт. За да може Европската Унија да постигне климатска неутралност, до 2030 година ќе треба да троши 18 пати повеќе литиум, а до 2050 година речиси 60 пати повеќе.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во септември оваа година најави дека ретките метали наскоро ќе бидат исто толку важни како нафтата и гасот. Сепак, и тие имаат своја цена. Ископувањето литиум може да резултира со недостиг на вода, уништување на биолошката разновидност и загадување на почвата. Покрај тоа, пронаоѓањето и обработката се многу скапи. Имајќи предвид дека морската сол е сеприсутна, батеријата од морска сол би можела да биде далеку поисплатлива алтернатива за литиум-јонските батерии.

Што се батерии од морска сол? Тие не се новина „од вчера“, велат научниците. Како концепт постојат 50 години, но не се сметаа за доволно корисни поради кусиот период на употребливост. Сепак, батериите со морска сол што сега се развиваат се различни од своите претходници.

Научниците ги модифицирале електродите за да ја подобрат реактивноста на сулфурот, клучен елемент за капацитетот на складирање енергија. Резултатот е – батерија со „супер-висок капацитет и ултра-долг животен век на собна температура“, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Синдеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена