Македонија
БДП во 2023 година пораснал за 2,1%

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897 694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10.0 %, а реално за 2.1 %.
Најголемо учество на додадената вредност со 18.9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83.4 %. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67.8 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222 114 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.9 %, машините и опремата со 32.6 %, а останатите инвестиции со 9.5 %.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог