Вести
„Бечката“ шницла погодена од поскапувањата

Големите покачувања на цените претставуваат огромен товар за рестораните во Австрија, па некои угостители размислуваат да ги отстранат познатите „класици“ од менијата…
Така, сопственикот на познатиот ресторан „Штернберг“ во покраината Карнтен (Корушка), Штефан Штернад „се закани“ дека наскоро ќе ја отстрани и виенската шницла од менито.
– Ако цените продолжат да растат, тогаш следната година веќе нема да имаме ништо што се готви на масло, бидејќи тие јадења ќе станат неисплатливи. Соочени сме со поскапување до 300 отсто, коешто не можеме да го пренесеме на гостите, изјави тој.
Друга угостителка од австриската престолна посочи дека оваа година двапати морале да ги менуваат цените на менито. Телешкиот стек, на пр., сега чини 20,50 евра, а во јануари – 18,50 евра. Самите набавки за работата и на нејзината гостилница од февруари досега се поскапи за 227 отсто.
Иако виенските шницли засега сѐ уште се на менито, 35 отсто од рестораните во Виена веќе избришале некои јадења поради високите цени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?