Гостивар
Бејта: Не се плашам од Таравари-АА нека победи на избори, па нека влезе во Влада

Невзат Бејта, кој е дел „Огнената група“ во ДУИ и екс градоначалник на Гостивар, во емисија на ТВ Клан вчеравечер изјави дека ако Алијанса за Албанците влезе во Владата ќе се спои со ДУИ. Според него, за да влезе во Влада, АА треба да победи на избори, а не на таков начин.
„Алијансата за Албанците нека се бори да ја победи ДУИ, бидејќи ако влезе вака во Владата ќе се спои со ДУИ. Нека се зајакнат како опозициски блок и нека не‘ победат, па нека влезат во Влада. Со гласови, а не на овој начин. Но, Алијанса нема гласови. Во демократијата треба да има власт и опозиција“ , рече Бејта.
На прашањето дали се плаши од Таравари по преземањето на функцијата в.д. претседател на АА, тој одговори: „Воопшто не се плашам од Арбен Таравари. Анкетите покажуваат дека сме многу понапред од Алијансата за Албанците, тие се слаби во повеќето места, дури и во Гостивар се преполовени. Погледнете што се случи во Тетово, политички „дебакл“ од кој Зијадин Села беше принуден да поднесе оставка. И Таравари требаше да си поднесе оставка.“, изјави Бејта кој меѓу другото во емисијата упати критики кон сопартиецот и вицепремиер Артан Груби.
„Кажете ми еден успех на Груби како вицепремиер, затоа што јас не знам такво нешто“, рече Бејта.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 5 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава