Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Бејта во придружба на Филипче во посета на Дутлок: Поддршка од Владата за проектите во Гостивар

Објавено

на

„Без поддршка на Владата, само со финансии од општината не може да се реализираат големи проекти. Без Владата и меѓународните фондови не можеме ништо големо да направиме. Јас ја имам поддршката и ќе имам тесна соработка со сите членови на Владата и со премиерот, за да реализираме добри проекти за граѓаните на Гостивар“, истакна на вечерашната средба во гостиварската населба Дутлок, кандидатот за градоначалник од ДУИ, Невзат Бејта, кој на средбата беше заедно со потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

Пред граѓаните Бејта зборуваше за проекти и инвестиции кои ги има предвидено во предизборната програма. „Додека, досегашниот градоначалник лажеше 4 години, сам не знае што зборува и не го интересира да реализира проекти за градот и општината, само да прави политичка кариера, јас не доаѓам да правам кариера, туку да работам 4 години на чело на општината, да бидам првиот работник што ќе работи во општината. Ќе го решам проблемот со Русино, ќе ги расчистам кучињата скитници, слободно да можат граѓаните да шетаат, без страв, во сите населби. Ќе ја средиме спортската сала како што треба и нашите спортисти прволигаши, да имаат услови како што прилега. Овде во Дутлок, имаме два стадиони, едниот во минатиот мандат ние го направивме, а тие само добиваа политички поени и го пропаднаа проектот што чини над 400.000 евра. Минатиот мандат во Дутлок изградивме мост, сега предвидуваме и четври мост, што ќе се врзе со раскрсницата со Здуње, да нема проблем со сообраќајот“, рече тој.

Свое обраќање на средбата имаше и Филипче.

„Целта на средбата е да кажеме јасно и гласно дека нашата поддршка, на членовите и симпатизерите, во вториот круг на изборите во Гостивар оди за нашиот пријател, докажан пред се‘ човек, способен менаџер, кој знае да се справи со сите предизици што ги има во рамки на локална самоуправа. Соработката со ДУИ секогаш оди глатко и добро се надополнуваме, а зошто е тоа така, одговорот е едноставен-затоа што делиме еднакви вредности. Сите заедно сакаме државата да оди напред, сакаме да градиме едно општство за сите“, рече потпретседателот на СДСМ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена