Поврзи се со нас

Македонија

Бектеши ќе предложи да се укине субвенцираната струја за компаниите

Објавено

на

Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционираната струја за компаниите. Според првичните податоци на институциите, 60 до 70 проценти од компаниите од прехранбениот сектор што ја користат оваа мерка не ги намалиле цените и не го испочитувале договореното. Мерката за субвенционирана струја ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се  работи на дизајнирање нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за ТВ  Алсат.

Тој потсети дека Министерството за економија имаше неколку средби со стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи.

Од средбите, посочи, произлезе заклучок дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им се помогнеме на производителите на основни прехранбени производи и да се влијае на намалување на цените кои се истакнати со владина одлука, како што се основните производи – лебот, маслото, тестенините и така натаму, особено млекото.

-Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот кој сме го имале помеѓу Владата и стопанските комори и не ги намалија цените на основните прехранбени производи. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70 проценти од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред стапи во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија, кажа министерот Бектеши.

Според податоците од ДПИ, како што укажа, мерката за ограничување на профитната маржа што исто така беше донесна со цел намалување на цените на прехранбените производи се почитува кај сите трговци.

-Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и прави контроли кај сите компании кои што користат субвенционирана струја. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи оние кои ги прекршуваат одредбите ќе бидат санкционирани, па дури и може да бидат затворени, рече министерот Бектеши.

Министерот соопшти дека за субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени  околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства што може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба.

-Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното, тие средства во Буџетот кои се определени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените, посочи министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека мерката за субвенционирање на струјата на основните и средните училишта и за јавните комунални претпријатија ќе остане, а за компаниите предлогот на Министерството за економија е да се укине.

Во однос на цената на електрична енергија, министерот Бектеши кажа дека се анализира можноста да се врати евтина тарифа на електрична енергија два часа преку ден. Враќањето на евтината тарифа на струја преку ден ја чини државата околу 15-16 милиони евра годишно, средства кои сега секако се пренаменети за други мерки за поддршка на граѓаните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 47 минути

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена