Вести
Бектеши: Во маркетите и пекарите да има редари – казните се до 2000 евра

Владата на вчерашната 46-та седница донесе уредба по предлог на Министерството за економија, а се однесува на трговците во малопродажба.
Министерот за економија Кресник Бектеши на денешна прес конференција ги појасани уредбите кои налагаат трговците задолжително мора да постават редарски служби за воведување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично.
– На вчерашната седница беше донесена уредба со законска сила за примена на Законот за трговија, со која се поставува ред и дисциплина при влез во објектите во кои се врши трговија на мало – продавници, самопослуги, пекари – за време на траењето на вонредната состојба. Според уредбата, сите трговци од денеска се должни да обезбедат редарска служба на влезот и во внатрешноста на објектот, со цел да се запази минимум пропишаното растојание меѓу лицата и да се обезбеди дезинфекција за раце при влез во објектот. Исто така, трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 2 метри – рече Бектеши.
Доколу не се почитуваат овие одредби, најави тој, ќе следуваат глоби, напоменувајќи дека ДПИ ќе врши засилен надзор.
– За малите и микро трговци кои нема да ги почитуваат одредбите ќе следува казна од 500 евра до 1000 евра, а средните трговци ќе бидат казнети со 1.000 евра до 2.000 евра. Сакам да напоменам дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилен надзор со цел да се заштити здравјето на граѓаните.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар