Вести
Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички
Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград.
-Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, напиша доцна вчеравечер Борел на Твитер.
„Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарност на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа“, додаде Борел.
Претходно во текот на денот специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изрази надеж дека во Брисел ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово.
Тој во Брисел се сретна со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди