Поврзи се со нас

Што, како, каде?!

Белград | Нова година 2017 | за млади

Објавено

на

Белград го има најдобриот ноќен живот и тешко дека кој било друг европски град може да се натпреварува со него . Се чини дека Белград стана регионален центар за ноќен живот, нуди евтини пијачки и сместување, пријателска атмосфера и забава 24 часа на ден. Не треба да се заборави и тоа дека најпознатиот светски туристички водич Lonely Planet ја објави листата на светските градови по разновидноста и понудата на ноќен живот и забава и на првото место на светско ниво е рангиран – Белград. На челното место Белград е ставен особено поради рестораните во „Скадарлија“ и сплавовите на Дунав и Сава.

Програма на патување:

1 Ден 31.12.2016. / Скопје-Белград Состанок на групата во 03:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Организирана дневна забава како загревање за најлудата ноќ. Во вечерните часови факултативен дочек на Новата 2017 година во некој од белградските клубови. Ноќевање

2 Ден 01.01.2017. / Белград После опоравувањето од незаборавната новогодишната ноќ можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). По факултативниот разглед на Белград следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел или хостел. Во вечерните часови можност за реприза на Новогодишната ноќ во некоја од познатите белградски кафани. Ноќевање

3 Ден 02.01.2017. / Белград – Скопје Следува напуштање на хостелот и хотелот од каде се упатуваме кон познатиот трговски центар Ушче, време за релаксација и шопинг. Заминување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Две ноќевања во хостел (без појадок) или две ноќевања во хотел (со појадок) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Превоз со високо туритички автобус (AC/TV/DVD)
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за двокреветна соба

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Наведените цени од табелата се однесуваат на пакет аранжман со појадок,
(сместување + превоз) за хотелско сместување или пакет аранжман
(сместување+превоз) за хостел.

Сместување Вид на сместување Цена
Хостел Fair 1/7 49 €
1/6 55 €
1/4 60 €
1/3 60 €
1/2 65 €
Хотел Srbija 3* 1/3 со појадок 75 €
1/2 со појадок 85 €
Хотел Rex 3* 1/4 со појадок 75 €
1/3 со појадок 79 €
1/2 со појадок 85 €

Опис на сместувањата

Hostel Fairhttp://www.hostelfair.com/
Hostel Fair се наоѓа на само 100 метри од Белградскиот саем, а на 3 километри од Кнез
Михајлова. Хостелот располага со 1/2, 1/3, 1/4 и повеќе креветни соби. Во хостелот е
обезбеден бесплатен WiFi.
Хотел Srbija 3*http://www.hotelsrbija.com/
Хотел Србија е категоризиран со 3* и се наоѓа во населбата Шумице, на околу 6
километри од центарот на градот. Хотелот располага со 1/2 и 1/3 соби, кои се
опремени со купатило, телефон, TV. Појадокот е на база шведска маса и се слуши во
ресторанот на хотелот кој се наоѓа на 18 спрат.
Hotel Rex 3*http://www.hotelrex-belgrade.com/
Hotel Rex се наоѓа во областа Савски Венец, на само 1.5 километри од Кнез Михајлова.
Хотелот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 соби, кои се опремени со сопствено купатило и TV.
Хотелот располага со бесплатен WiFi и паркинг.

Информации и резервации Гостивар: 077729390

info@gostivarpress.mk или Facebook Фан страна

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена