Поврзи се со нас

Вести Гостивар

„Бело-синиот“ дрес не се остава така лесно – Костоски ќе го предводи КК Гостивар и следната сезона

„Бело-сината“ седумка останува сопственост на Александар Костоски, информираа утрово од гостиварскиот кошаркарски клуб, кои неуморно работат на креирање на ростерот за сезоната 2019/2020.

„Постигнат е договор со Александар, и годинава ќе биде наш играч на обострано задоволство. Очекуваме да биде лидер на овој тим, добро ја познава средината и Управниот одбор вложи голем труд да обезбедиме играч од ваков калибар. Да споделиме со нашите навивачи уште една вест. Во секој момент очекуваме да пристигнат потребните документи за официјализирање на уште една трансфер „бомба“ и тоа на позицијата на која бевме најдефицитарни минатата сезона“, велат од КК Гостивар.

И Костоски е задоволен од продолжената соработка:

„Навистина ми е драго што ќе имам можност она што го започнавме минатата година да го продолжиме и оваа и да се потрудиме да бидеме уште подобри во секој поглед. Управата, Марче, полните трибини, природната средина и одличната хемија во клубот се клучните фактори да останам уште една сезона во КК Гостивар и сите заедно да ги радуаваме нашите навивачи и симпатизери“, изјави Костоски за Gostivarpress.mk

За Костоски ова ќе биде втора сезона во Гостивар, беше еден најдобрите поединци минатата сезона. Поранешниот репрезентативец на 33 одиграни натпревари во дресот на КК Гостивар постигна 440 поени и имаше 193 асистенции, односно просек од 13,3 поени и 5,8 асистенции по натпревар.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!