Вести
“Бело-сините” со ново име во Кавадарци – Таварион Никс
Американецот Таварион Никс е новото име во редовите на КК Гостивар. Крилниот центар потпиша со клубот до крај на сезоната. Никс доаѓа на местото на Мишковиќ кој поради долгата пауза која ја имаше пред доаѓањето во Гостивар, не можеше да го даде својот максимум и брзо го напушти клубот.
Дваесет и шест годишниот кошаркар доаѓа од екипата на Ета од Кипар, има настапувано и во Англиската кошаркарска лига за клубовите на Лидс и Салвадор. Висок е 201 сантиметар, игра на поцизија 4. Во просек постигнувал по 15 коша на натпревар.
Никс немаше премногу време да тренира со екипата, утрово се запозна со условите, новите соиграчи, тренерот, одработи индивидуален тренинг, се што знае ќе има можност да покаже вечерва против Куманово. Никс требаше да биде и дел од тактиката, изненадување на вечерашниот натпревар, но гостиварци не издржаа, протече информацијата до останатите медиуми.
Натпреварот против КК Куманово започнова во 20:30 часот. КК Работнички попладнево се избори за полуфинале и го очекува подобриот од вечерашниот дуел.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник