Гостивар
Бесплатен престој на деца Роми во градинка, потпишан договор и за Гостивар
Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава, меѓу кои и Општина Гостивар. Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани рече дека инклузијата на деца Роми во градинките ќе биде овозможена со блок-дотации кои на општините ќе им ги обезбеди Министерството.
„Преку оваа соработка, сите заедно придонесуваме за вклучување на што поголем број на деца Роми во предучилишниот воспитно-образовен процес. Треба да продолжиме да вложуваме во образованието на децата Роми од што придобивка има целото наше општество“, изјави министерот.
Инклузијата на Роми во предучилишното образование е почната со проект во 2006 година во партнерство со Ромскиот едукативен фонд и до сега во градинките во земјава биле вклучени околу 5.500 деца од претшколска возраст.
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани истакна дека Општина Гостивар уште еднаш докажува дека опфаќањето на децата, особено оние од ромската заедница, во предучилишниот образовен процес е нејзин приоритет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија