Македонија
Бесплатен зимски одмор за деца од социјален ризик, пријавувањето е во тек
Министерство за социјална политика, демографија и млади ги повика заинтересираните лица корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, родени во периодот од 2011 до 2014 година, редовни ученици во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени по 6 дена. Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници до објектот и обратно.
Министерството информира дека за користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.
Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 18 декември.
Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград