Поврзи се со нас

Гостивар

Бесплатни обуки по прва помош за возачи во Гостивар, пријавување во Црвениот Крст

Објавено

на

Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар од денес ја започна кампањата „Твоето незнаење чини живот“, во чии рамки се предвидени бесплатни обуки по прва помош за возачите. Како што објаснуваат од организацијата, целта е оние кои седнуваат зад волан да се потсетат на начините на пружање прва помош и да го обноват своето знаење од оваа област со што ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви во сообраќајни несреќи. Соодветното укажување на прва помош на самото место по сообраќајна несреќа, придонесува за спасување на  човечки живот и намалување на компликации од настанати повреди и инвалидитет.

„Обуките се наменети за сите активни и пасивни возачи, а првата обука во која е планирано да биде опфатена група од 15 учесници, ќе се одржи на 23 јули. Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават во просториите на нашата организација и да бидат дел од оваа значајна активност“, рече Алмир Мухареми од гостиварскиот Црвен Крст.

Обуките ќе ги држи стручен тим со соодветна лиценца, составен од доктор и демонстратор. На возачите ќе им бидат прикажани основите на срцево-белодробно оживување, правила на извлекување на повредени, постапки при крварења, скршеници и слично.

Во кампањата понатаму ќе бидат вклучени и јавни личности од Гостивар како спортисти, уметници и друго.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена