Гостивар
Бесплатните вакцини против грип во Гостивар се потрошија, вакцини за 650 денари има уште
Над 1.000 бесплатни вакцини против грип кои беа обезбедени за ранливите категории граѓани за подрачјето на Гостивар се потрошени. Бесплатните дози беа наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и за здравствените работници.
Од епидемиолошкото одделение информираат дека се` уште има комерцијални вакцини, кои чинат по 650 денари и заинтересираните граѓани може да се обратат кај нив за вакцинација.
„Најдобра заштита против грип е вакцинацијата и затоа би сакал во оваа прилика да ги повикам граѓаните да се вакцинираат. Пред се` под голем ризик се хронично болните, кои имаат заболувања на белите дробови, срцето, дијабетичари и други лица со намален имунитет. Препорака и на Светската здравствена организација е да се прими вакцина, затоа што грипот кај нив би можел да предизвика сериозни компликации. Грипот не е така наивно заболување, може да помине со лесна клиничка слика, но кај покревките со здравјето, знае да донесе сериозни последици.“, вели прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог.
Бројот на заболени од грип во регионот на Гостивар покажува тенденција на пораст. Во последната недела од декември 2019-та биле регистрирани 61 случај. Вкупниот број на заболени сезонава до сега е 163, што го прави Гостивар град со најмногу болни од грип. Лекарите велат дека според искуствата од претходните години, во јануари и февруиари се очекува бројката да расте.
Тие препорачуваат граѓаните задолжителни да ги следат општите мерки на заштита: внесување на поголеми количини топли напитоци, витамин ц, овошје и зелечук, протеини, редовно земање на терапија за хронично болните и други.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди