Гостивар
Бесплатно летно училиште во Гостивар за деца по јазици, компјутери, уметност, спорт
Во летниот период за децата на возраст од 7 до 14 години во Гостивар ќе биде организирано летно училиште, со курсеви по јазици, уметност, компјутери, музика, спортски активности и др. Проектот е на Општина Гостивар и ќе се спроведува во соработка со основните училишта. За таа цел денес се одржа информативна средба меѓу Секторот за образование и школските управи.
„Летното училиште ќе трае од 1 јули до 15 август и секое дете може да одбере две активности, два курса во кои ќе се вклучи. Сметаме дека ова многу ќе им помогне на децата и во знаења и вештини, но и за меѓусебно дружење. Сите активности ќе се спроведуваат во работни денови, од понеделник до петок и ќе преферираме да ги организираме на отворен простор или евентуално во училници.“, појасни раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.
Заинтересираните ученици може да добијат подетални информации и да се пријават за курсевите во своите училишта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград