Вести
Бесплатно микрочипирање на миленичињата во Гостивар вршат три ветеринарни друштва
Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со ветеринарната комора на Република Македонија од први септември започна со бесплатното микрочипирање на домашните миленици. За таа намена набавени се вкупно 100 илјади микрочипови.
Агенцијата ја објави листата на ветеринарни друштва со кои е склучен договор за микрочипирање. На листата од Гостивар се наоѓаат три ветеринарни друштва кадешто граѓаните може да се обратат за вградување на микрочип на својот домашен миленик: Ветеринарна станица Труст Вет, АГ-ЕР-ВЕТ и Нова Вет. Договор е склучен и со Вет Градец во село Градец.
„Сопствениците на миленици масовно да ја искористат оваа еднократна донација. Кампањата ќе трае до 31 март идната година, додека не се потрошат набавените микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, апелираа од Агенцијата.
Процесот на микрочипирање е безболен. Микрочипот е мал електронски уред и содржи информации за сопственикот на миленикот, расата на животното, полот, за тоа дали е вакцинирано и кога е третирано со средство против паразити. Микрочипирањето е бесплатно, а сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за издавање на пасош за домашен миленик, што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.
Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот домашен миленик. За неисполнување предвидена е парична казна од околу 2.000 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград