Поврзи се со нас

Македонија

Без поддршка од Владата ќе има намалување на работниците до 50%, предупредуваат бизнисите

Објавено

на

    Компаниите чекаат поддршка од Владата и исполнување на нивните барања за надминување на последиците од енергетската криза. Доколку продолжи енергетската криза и стопанството не ја добие потребната помош, ќе следи намалување на бројот на вработени од 30 до 50 проценти, предупредуваат од Кризниот штаб при Стопанската комора на Северна Македонија.

    Потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска-Јовеска на денешната прес-конференција нагласи дека состојбата е тешка и оти бизнисот очекува поддршка. Поддршката што ја очекува бизнисот, како што истакна, е врз база на пресметки во компаниите со цел да не дојде до редуцирање на производството и на кадарот.

    – Состојбата е тешка и бараат поддршка и премостување на нивните потешкотии со кои се соочуваат.
    Од сите контакти со компаниите, се посочува дека не би сакале на почетокот од следната година да прават реструктуирање во нивните капацитети, односно не би сакале, редуцирање на она што значи кадар којшто треба да продуцира додадена вредност, потенцираше потпретседателката на Стопанската комора.

    Во име на Кризниот штаб, Георгиевска-Јовеска рече дека треба што поскоро да следат мерките, бидејќи компаниите ја чекаат поддршката од Владата.

    – Да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата по примерот на соседните земји, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за снабдување со електрична енергија за компаниите да можат да склучат договори со ЕСМ снабдување, да се максимизира домашното производство на електрична енергија и вишоците да се понудат на индустријата по производна цена и да се намали  ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, рече Георгиевска-Јовеска.

    Таа додаде дека врз основа на направените компаративни анализи, компаниите треба да добијат определна базна цена на која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходни претпоставки за некаква предвидливост којашто е основа на бизнисот.

    – Со анкетирање на над 200 компании, добивме одговор дека голем дел од нив од следната година доколку продолжи кризата и доколку ја немаат поддршката, според нивните очекувања, ќе следи од 30 до 50 проценти намалување на вработените што никој не го сака, рече Георгиевска-Јовеска.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 8 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 18 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 23 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 1 ден

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 1 ден

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 1 ден

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 1 ден

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 1 ден

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена