Поврзи се со нас

Македонија

Без примени вакцини не може упис на првачиња

Објавено

на

Министерството за здравство преку соопштение денес потсети дека при упис на децата во прво одделение во основните училишта, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. „Станува збор за обврска пропишана со член 46 став (2) од Законот за основното образование. Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.“, стои во соопштението од Министерството.

Здравствените власти информираа и дека во Службен весник бр. 85 од 30 април 2019 година,  објавени се измените и дополнувањата донесени од министерот за труд и социјална политика на правилникот за водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој, со кој сега се прецизира дека при упис на дете во градинка, задолжително се приложува потврда за неговиот вакцинален статус, и без оваа потврда детето не може да биде запишано во предучилишна установа.

Во потврдата треба да стои дека детето ги примило сите вакцини кои се предвидени според вакциналниот календар.

Заострените правила и мерки се во рамки на активностите кои се преземаат поради прогласената епидемија на морбили (мали сипаници) во целата земја.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена