Поврзи се со нас

Македонија

Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на сите – Бидете внимателни возачи и одговорни родители

Објавено

на

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта под мотото „Безбедно дете – за безбедна и сигурна иднина“, започна со кампања за подигање на свеста за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

„Целта на оваа сообраќајно-воспитна и едукативна кампања е што поголем број на ученици да бидат едуцирани и информирани за основните правила и прописи во сообраќајот и за ризикот и опасностите на кои секојдневно се изложени во сообраќајот. Покрај тоа, целта на оваа кампања е да се насочи вниманието на возачите и надлежните институции кон имплементација на мерки и активности за поголема безбедност на децата во сообраќајот.“, соопштуваат од РСБСП.

Во рамки на кампањата ќе бидат реализирани сообраќајно едукативни настани за деца, предавања, обуки за прва помош, обуки за безбедно движење во околината на училиштето, ќе бидат изработени голем број на едукативни материјали за деца- боенки, сообраќајна лектира, училишен прибор со едукативна содржина, итн. Предвидени се и активности за подигање на свеста и одговорноста кај возачите и надлежните субјекти за издигнување на безбедноста на децата во сообраќајот,  на ниво на врвен општествен приоритет.

„Децата се најголемото богатство, децата се нашата иднина. Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Да ги зачуваме децата од повреди и загуби во сообраќајот. Бидете внимателни возачи, намалете ја брзината во близина на училиште или градинка. Бидете одговорни родители, научете ги децата како безбедно да се движат во сообраќајот. Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност и обврска на возрасните.  Грижете се за безбедноста на децата  во сообраќајот. Возете и  чувајте го секое дете во сообраќајот како ваше дете.“, порача по повод почетокот на учебната година и почетокот на кампањата, претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена