fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Безбедноста во сообраќајот низ гостиварско бележи негативен тренд

Објавено

на

Состојбите со безбедноста во сообраќајот низ гостиварско, годинава бележат негативен тренд споредено со минатата година. Во осумте месеци од оваа година, заклучно со 25-ти август, на гостиварското подрачје бројот на загинатите во сообраќајни несреќи е три пати поголем од истиот период лани и изнесува 10, наспроти три човечки жртви кои беа регистрирани лани, информираат од СВР Тетово.
– Од почетокот на годинава, регистрирани се и 27 тешко повредени лица, а 108 лесно повредени. Најмногу од повредените 84 биле сопатници, а споредено со лани, значително поголема е и причинетата материјална штета, која е речиси за 4 милиони денари поголема со онаа од минатата година, изјави за МИА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Минатата година во овој период биле регистрирани 20 тешко повредни лица, 84 лесно повредени, а материјалната штета изнесувала околу 10 милиони денари.
– Заради ваквите показатели, последниве неколку месеци особено во јуни, јули, август и септември, СВР Тетово ги засили превентивните и други контролни активности за поголема сообраќајна безбедност. Тие најчесто се спроведуваат пред сé на главните гостиварски улици, кои се најфрекфрентни и на кои години наназад се случуваат најголемиот број од несреќите. Целта е навреме да се откријат, отстранат и законски да се санкционираат најразличните видови прекршоци, што ги прават возачите и другите учесници во сообраќајот, нагласува Јосифоски.
Најчеста причина за сообраќајните незгоди (46) била неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, во 29 неправилно вршење дејствие, во 18 непочитување првенство, во 9 возење под дејство на алкохол. Осетно зголемен годинава, исто така е и бројот на откриените лица кои управувале без возачки дозволи или нерегистрирани возила.

Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!