Поврзи се со нас

Вести

Бездомните животни предизвикуваат голем број сообраќајки на автопатот

Објавено

на

Околу 120 сообраќајни несреќи во полошкиот регион, минатата година се случиле поради необезбедени услови на патот. Иако, најчесто таквите несреќи поминуваат без повредени лица и само со материјална штета, бројката не е занемарлива.

Меѓу сообраќајките, кои се случиле како последица на необезбедени услови,  најмногу ги има оние предизвикани од неконтролирано движење на животни. Години наназад, на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје нема квалитетна и функционална заштитна ограда, па животни, најчесто кучиња-бездомници излетуваат на коловозот пред возилата, а возачите немаат време да ги забележат и да реагираат соодветно.  Сообраќајки имало и поради оштетени коловози и ударни дупки.

Податоците од Секторот за внатрешни работи покажуваат дека лани во тетовско-гостиварскиот регион се случиле 601 несреќа со причинета материјална штета од над 55 милиони денари. Споредено со 2015-та година, штетата е двојно поголема.

Покрај лошите услови на патиштата, како причини за овој вид сообраќајни несреќи  се наведуваат: брзото возење, неправилно вршење дејствие, непочитување првенство на минување, недржење страна и растојание.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена