Занимливости
Би пливале ли во базен кој поврзува покриви од две згради?

Најголемиот акрилен базен во светот пред некое време е пуштен во официјална употреба и е вистинско ремек дело. Дали би се осмелиле да запливате во него?
Овој стаклен базен е долг 25 метри, а е поставен помеѓу две станбени згради од по 10 ката во населбата Нин Елмс во југозападен Лондон. Отворен е само за среќните жители на апартманскиот комплекс. Тоа е најголемата самостојна структура на акрилни базени во светот. Базенот е длабок 10 метри,а само водата, наводно, тежи околу 375 тони. Изграден е од акрилна пластика.
Жителите на двете згради имаат начин да уживаат во летото, дури и ако не можат да патуваат. Преку базенот, посетителите можат да пливаат од покривот на едната, до покривот на другата висока зграда.
И додека некои не се осмелуваат да влезат во вода од страв од височина, други уживаат во забавата „во небото“ и пливаат над градот без да се грижат што има под нив и на која висина се наоѓаат.
Тој е најголемиот акрилен базен во светот, а се наоѓа на одлична локација во близина на американската амбасада во овој град, во близина на Темза. Дури и оние кои не се осмелуваат да влезат во вода, можат, на покривот на зградите што се поврзани со пешачки мост, да уживаат во погледот на градот и зградата на парламентот.
Овој базен направен е во САД и транспортиран преку океанот, така што жителите на овие лондонски згради можат да уживаат во ова архитектонско чудо.
Базенот бил ставен на огромно тестирање на сила во фабриката Рејнолдс пред да патува за Велика Британија по пат и по море.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар