Македонија
Биди срцевина-биди херој! Започна кампања за дарување коскена срж

Клиниката за хематологија, во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика и Министерството за здравство започнаа кампања за дарување на коскена срцевина.
Целта е да се подигне свеста за хуманост и да се поттикнат донаторите да се запишат во националниот дарителски регистар.
„Трансплантација на коскена срцевина, како тераписка метода за пациентите со малигни хематопоетски заболувања, беше воведена во земјава во 2000 година, а до денеска се реализирани повеќе од 500 интервенции, од кои 57 во 2018 година, а во првото тримесечје од 2019 година извршени се 20 трансплантации за коскена срцевина. Минатата година ќе остане забележана во историјата на Клиниката за хематологија како година во која за првпат се воведе, и оттогаш успешно ја спроведува најсложената и најсофистицираната тераписка процедура во современата медицина, несродната трансплантација на коскена срцевина“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Бројот на дарители во земјава изнесува 3.500 до 4.000, а проценките на надлежните се дека според бројот на жители, во регистарот би требало да има од 20.000 до 50.000.
„Доброволните дарители довoлно е да однесат една епрувета крв на Инстититот за имунологија, каде ќе бидат типизирани и ќе станат потенцијални дарители. За две недели ќе им се регенерира организмот, а од друга страна ќе спасат нечиј живот“, рече директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска Ставридис.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести