Гостивар
Бигорски со покана до верниците на вечерна богослужба за Прочка: Едни со други да се помириме и да си простиме

Бигорското светилиште, во предвечерието на почетокот на велигденските пости традиционално одржува вечерна богослужба.
Така, и оваа година ги повикува верниците да земат учество во споменатава богослужба, која ќе започне во недела (2 март) со почеток во 17:00 часот. Службата завршува со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите.
Затоа, стои во соопштението, светите отци за овој последен ден пред постот предвиделе специфична богослужба, давајќи на верните можност да си побараат прошка едни на други и така да направат добар почеток на светиот Пост.
Во духот на оваа, првично монашка традиција, таа неделна вечерна богослужба во Бигорскиот манастир е вистинско доживување за сите присутни, кои во голем број се собираат овде за со искрено покајание и помирување со другите, достојно да се подготват за посниот подвиг.
– Глетката во храмот навистина го стоплува срцето и побудува на покајание. Очите се полнат со солзи, додека наоколу се разлеваат трогателните и отрезнувачки вечерни стихири, а покајното расположение достигнува врв со посебните коленопреклони молитви, што игуменот на свештениот манастир, епископот Партениј, со особено умиление ги чита пред сите присутни, измолувајќи од Бога прошка и благослов за претстојниот свет пост, додаваат од Бигорската свештена Обител.
Посакуваат благословен почетокот на Великиот пост, а едни со други да се помириме и да си простиме.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош