Поврзи се со нас

Гостивар

Бигорскиот манастир домаќин на млади уметници од „Мал Битолски Монмартр“

Објавено

на

Бигорски манастир, по вторпат, беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.

Истата беше организирана од  претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски.

Стотина млади ликовни уметници од 20 земји во светот, со  своите штафели, четки и палети и пред сè, со својот уметнички талент и младешки творечки дух,  го красеа манастирското двориште, пренесувајќи ги на сликарско платно архитектонските и природните убавини на манастирот, секој преку својата лична естетска перцепција, информираа од манастирот.

Додаваат дека најнапред младите уметници биле гостољубиво пречекани и благословени  од епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, кој на официјалниот прием ги поздравил ценетите гости со срдечна љубов.

Организаторите на настанот срдечно му се заблагодариле на епископ г. Партениј, за дадениот благослов и за великодушното гостољубие и по тој повод, од името на сите учесници, му подариле три икони: Пресвета Богородица со Богомладенецот Исус, Свети Јован Крстител и Свети Партениј Ламсакиски, изработени од школата на Православната богословија „Венјамин Костачи“, Романија (Православна Црква на Романија). Тие, исто така,  му ги подариле и делата од минатогодишната, прва одржана, колонија.

Во продолжение, младите уметнички души веднаш се фатија за четките, за на свој начин да ја доживеат и пренесат убавината на Бигорското светилиште. На крајот од денот на учесниците им беа доделени пофалници, а како најдобри цртежи беа избрани четири дела и тоа на учесници од Португалија, Кина, Чешка и Србија, посочуваат од манастирот.

Нагласуваат дека децата направиле навистина голем потфат, бидејќи во краток временски интервал од 8 до 10 работни часа, морале да почнат од нула и да завршат целосно еден цртеж.

Жирито беше во состав на: Теодолинда Паскоал од Португалија, Вселоводив Романков од Русија, Марија Дима од Романија и Детското ликовно студио од Битола. Во знак на благодарност за искажаната поддршка и соработка, „Малиот Битолски Монмартр“ му додели на епископот Антаниски и игумен Бигорски г. Партениј свечена Плакета за придонес во сликарската уметност, посочуваат од Бигорски манастир.

Освен од нашата земја учесници биле деца од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Индија, Израел, Јапонија, Кина, Малезија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Турција, Франција, Хрватска, Чешка, Црна Гора.

Првиот ваков настан беше организиран во мај минатата година. 

фото:Бигорски

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 3 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена