Поврзи се со нас

Гостивар

БИЛКА: Храбро и отворено за декриминализација на канабисот и употребата за медицински и рекреативни цели

Објавено

на

Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ Скопје денеска на Светскиот ден на канабисот, одржа онлајн дебата која се одвиваше на страницата на невладината организација.

На дебатата говореа адвокатот Јанаки Митровски, основач на „Билка“, Филип Аврамчев од ЛДП, Бојан Петровски од ДОМ и Јасмина Голубовска, пријател на „Билка“. Модератор на дискусијата беше новинарот Огнен Јанески, еден од основачите на „Билка“, кој ја отвори дебатата со говор за заедничката борба со цел сите да добијат еднаков човечки третман, во спротивно, ќе се оди меѓународно.

Тие ги повикаа граѓаните да застанат похрабро и отворено во однос на барањата за декриминализација на канабисот и негова легализација за индустриска, медицинска и рекреативна употреба.

-Нека знаат сите што се случува во затворите и притворите во Македонија, за другарите кои лежат долги казни, за ситниот криминал, пренатрупаноста и системското иживување врз нашите семејства, пријатели и најблиски фатени затоа што не можат да набават масло легално, не можат да набават ниту за рекреативни цели без тоа да бидат третирани како да се дел од организирани криминални групи. Кучињата лаат, бизнисот врви- рече модераторот Јанески на самиот почеток на дебатата.

Адвокатот Јанаки Митровски, рече дека народски кажано со канабисот не сме до никаде, дека не можат да се пофалат со остварување на целите.

-Иако имаше ветување од, да речеме, полибералната извршна власт, во услови кога беше во опозиција дека законот донесен во 2016 е лош и недоречен и го фаворизира само бизнисот. И после три години, и сега во техничка влада, не можеме да се пофалиме дека сме напреднале во остварување целите на „Билка“ и генерално за целите на активистите за легализација на канабис во Македонија, а тоа се должи, пред се на недостик на политичка волја, незаинтересираност на политичките „елити“ за потребите на пациентите и на уживателите, и фактот дека ова прашање не е во најтесен домен на интерес- вели Јанаки Митровски.

Потсетувајќи и потенцирајќи дека не треба да се заборави согласно македонскиот Устав, секој има право и обврска да го унапредува своето здравје и здравјето на другите.

Од здружението „Билка“ претходно излегоа со соопштение по повод 20 април, кој е прогласен за Меѓународен ден на канабисот преку кое потсетија на состојбата со канабисот во Македонија, за неговите придобивки, легислативата, политиките и можните решенија за декриминализација на канабисот.

„Ве повикуваме денеска сите гласно и јасно да кажеме дека се работи за наше тело и живот, наше право да користиме алтернативни начини на лечење и/или рекреативно уживаме и веќе немаме страв да зборуваме гласно дека: ‘Ние сме корисници на канабис и дека веќе нема да дозволуваме да бидеме стигматизирани, навредувани, апсени, понижувани, да копаме гробови, да бидеме робови додека некој на нашата мака решил да прави пари“, соопштија од „Билка“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена