Занимливости
Биоботи – бубачки кои можат да помогнат при земјотрес

Романскиот професор Михаил Сикитиу од американскиот Државен универзитет на Северна Каролина работи на нови, мали биоботи – бубачки со вградени уреди што би можеле да спасат десетици илјади животи во случај на земјотрес.
„Се обидовме и со молци, но со нив е покомплицирано, бидејќи можат да кренат само грам или два. Со бубашвабите е полесно oти се поголеми и можат да носат 4-5, а понекогаш и 10 грама“, објаснува професорот.
Затоа, проектот главно користи бубашваби од Мадагаскар.
Во овој случај, бубачката „киборг“ е „вооружена“ со мини-електроника и се пушта низ урнатините. На нивниот грб се поставени минијатурни, литиум-полимерни батерии помали од нокт и електронски кола за комуникација со звучник и микрофон со радиопредавател.
Малиот инсект така, далечински управуван и раководен, може да се протне низ мали пукнатини и да собере вредни информации за потребите на спасувачите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава