Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Биологија на алтруизмот: Правете добри дела, психата и телото ќе ви бидат благодарни!

Објавено

на

Во последните неколку години, научниците го проучувале правењето на добри дела и нивното влијание на човековото тело. Во бројни истражувања е заклучено дека алтруизмот, односно правењето на добри дела или несебичното помагање на другите, позитивно влијае на нашето здравје, па дури и на должината на нашиот живот.

“Човековата природа“ е тема на филозофски расправи со илјадници години наназад, а со помош на модерната технологија и наука, конечно почнавме да ги разрешуваме овие мистерии. Во раните фази на ваквите проучувања, научниците успеале да дојдт до еден факт: нашиот мозок е физички подесен за да помагаме на другите.

Со скенирање на мозокот можеме лесно да забележиме дека размислувањето за туѓите проблеми ги активира истите делови од мозокот кои се активираат кога размислуваме за своите, додека сочувствувањето ги активира деловите од мозокот одговорни за чувство на задоволство.

Доброто со добро се враќа – буквално

“Сите луѓе не можат да бидат богати и славни, но сите можат да бидат добри.“ – Конфучије

Во секојдневниот живот, безброј луѓе избираат да се откажат од своето слободно време за да им помогнат на другите, дали се работи за помагање на постари луѓе, спасување на напуштени животни, човечки животи или помагање некому да реши одреден проблем, секојдневно сме сведоци на добри дела.

Но што е тоа во нас што не тера несебично да им помагаме на другите, да првиме херојски подвизи за да спасиме нечиј живот, не размислувајќи на својот?

Истражувањата покажале дека делувањето во име на други луѓе помага и самите да се чувствуваме поубаво. Но тука приказната не завршува. Ваквото однесување влијае на нас самите и физички, а сѐ поголем број на научници верува дека правењето на добри дела позитивно влијае на нашето здравје, а некои студии докажале дека алтруизмот ни помага да живееме подолго.

Врската помеѓу алтруизмот и стресот е откриена сосема случајно во 1956-та година, кога тим на истражувачи од универзитетот Корнел спровеле истражување со 427 мажени жени со деца. Тие очекувале дека жените со повеќе деца ќе бидат под влијание на поголем стрес, па поради тоа и дека ќе имаат пократок животен век. Изненадувачки, истражувачите откриле дека бројот на деца, образованието, класата во општеството и работниот статус не влијаеле на долговечноста. Во истата студија, која траела 30 години, сосема случајно е откриено дека 52% од жените кои никогаш не волонтирале, не крај заболеле од некое потешко заболување, за разлика од 32% од жените кои редовно волонтирале.

Ова откритие ги заинтересирало научниците, па после тоа спровеле уште неколку студии. Во една се заклучило дека редовното правење на добри дела го намалува ризикот од прерана смрт за 44%, што е подобар резултат од редовното вежбање. Друга студија, спроведена во деведесетите години, ги испитувала личните есеи на часните сестри од триесетите години. Откриено е дека сестрите кои искажувале најмногу позитивни емоции живееле 10 години подолго од оние кои изразувале помалку такви емоции.

“Најдобриот дел од животот на добар човек се оние безимени, незапамтени дела на добрина и љубов.“ – Вилијам Вордсворт

Многу студии покажале дека алтруизмот значајно го намалува нивото на стрес, главниот причинител на повеќето болести, а со самото тоа значајно ја менува нашата физиологија. Кој тестирани субјекти кои едноставно само гледале правење на добри дела забележани се привремени скокови на нивото на хемикалии кои го зајакнуваат имунитетот. Кај жените кои комшиите ги сметале за добри личности бидејќи сакаат да им помагаат на другите, пронајдено е покачување на нивото на окситоцин, хормон на “зближување“ кој ни помага да се чувствуваме добро.

Врската понеѓу окситоцинот и дбрите дела ја потврдила уште една неодамнешна студија. “Окситоцинот е одговор на стресот. Кога личноста е алтруистична и кога допира до луѓето во позитивна смисла, помагајќи им во невоља, нивото на окситоцин оди нагоре, што значи дека нивото на стрес оди надоле“, заклучил Грегори Л. Фричионе, професор по психијатрија на Харвард.

Бројни студии спроведени во различни временски периоди и држави заклучиле една заедничка работа: Алтруистичните емоции – “дрогата на помагачот“, ствараат физиолошки реакции во телото така што го зголемуваат нивото на хормонот окситоцин, поради кој се чувствуваме добро, го намалуваат стресот и го зајакнуваат имунитетот. Алтруизмот во нас предизвикува хемиска реакција слична на онаа која предизвикува вистинска љубов.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена