Поврзи се со нас

Македонија

Битиќи: Новите антикризни мерки веднаш по изгласување на ребалансот на Буџетот

Објавено

на

Новите мерки за справување со кризата почнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој во гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, секоја мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна.

 -Мерките се наочени кон најранливите категории, притискот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и комапнии. Исто така, и три програми за земјоделието преку интервентниот фонд не можат да поминат додека не се изгласа ребаланост. Ние имавме намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси, за енергенсите останаа. За опозицијата ребалансот е задоцнет, но затоа има поднесено 800 амандмани, рече Битиќи.

Во врска со наглото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат.

-Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас апелирам на моралните вредности на стопанствениците  кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека задолжувањето вчера падна за 2,2 проценти, и како што рече, граѓаните дека не треба да се грижат за задолжувањето, додека оди за продуктивни цели и за справување со кризата.

-Се задолживме за време на пандемијата, но имавме пад на економијата помал за 4,2 проценти. Заради тоа спасивме 60.000 работни места. Не е продуктивно само на направиш зграда или пат, продуктивно е да спасиш едно семејство од губење работа. Задолжувањето за да спасиме граѓани од кризата, да обезбедиме енергенси, електрична и топлинска енергија, да креираме работи места, да продолжиме да инвестираме во инфараструктруа е продуктивно, порача Битиќи.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена