Поврзи се со нас

Македонија

Битиќи: Секое домаќинство годинава доби субвенција од 21.000 денари за електрична енергија

Објавено

на

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат истакна дека во 2022 година сите антикризни мерки се во вредност од 760 милиони евра и тоа економските мерки, не сметајќи го плаќањето на електрична енергија. Секој граѓанин оваа година е субвенциониран со 6.800 денари, или секое домаќинство добива субвенција од 21.000 денари оваа година за обезбедување на електрична енергија на регулираниот пазар, соопшти Битиќи.

Потпретседателот Битиќи истакна дека и малите компании се субвенционирани со до 100 проценти за електрична енергија.

За малите компании коишто се на регулираниот пазар, договорена е цена од 250/260, но таа на берзите се искачи до 500 евра. Значи разликата е 100% субвенција, нагласи Битиќи, додавајќи дека со ова бизнисите добиваат предвидливост и стабилност, односно предвидлива цена и сигурност дека ќе има електрична енергија, што е клучно за развојот.

Во врска со навременоста на мерките, Битиќи посочи дека и во 2020 година во ковид кризата имало мислења дека мерките се задоцнети, за после ММФ и СБ да кажат дека заради мерките немало толкав пад на БДП, за колку што би паднал без нив, дека мерките спасиле 80.000 работни места итн.

Потпретседателот Битиќи истакна дека во оваа кризна година странските инвестиции изнесуваат  528 милиони евра, и во последните 10 години, биле повисоки само во 2018 година.

Во 2020 година имаше 70 договори за државна помош, а оваа година тој број се искачи на 620, годинава ќе бидат исплатени 30 милиони евра државна помош за компаниите кои почнале инвестицсики цикус, од кои 97% се домашни компании, а најголем дел се од  преработувачкиот сектор, нагласи Битиќи, додавајќи дека сите индустриски зони се отвоени, усогласени се условите за поддршка на домашните и странските компании, општински зони се поддржани, пазарот за електрична енергија е отворен, целосно либерализиран за да инвестираат компаниите.

Државата е увозно зависна од електрична енергија, што е последица на 30 години невнимавање на овој сектор, 35 отсто струја е од увоз и тоа е едно од клучните фактори за инфлацијата, истакна Битиќи, додавајќи дека за истата количина на струја лани се платени 800 милиони евра, а годинава 2 милијарди.

Шест месеци слушавме дека струјата е клучниот фактор за зголемување на цените во прехранбениот сектор, за жал гледаме дека намалувањето не е вистина, кога имате увозно зависна економија, кога суровините доаѓаат од надвор не можете да кажете дека електричната енергија е клучниот фактор. Ние го направивме тоа што требаше да се направи сега на ред е стопанството, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 26 минути

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 26 минути

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 2 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 3 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 5 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 6 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 10 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена