Технологија
Биткоинот падна под 80.000 долари, вредноста на криптовалутата намалена за 25%

Вредноста на биткоинот падна за повеќе од 25% во однос на јануарските рекордни вредности, откако најавите на Доналд Трамп за воведување царини и можноста од трговски војни ги наведе инвеститорите да масовно распродаваат дигитална имовина.
Според информациите од Њујоршки Блумберг, биткоинот и етериумот денес изгубија по седум отсто од својата вредност. Рекордните вредности на биткоинот беа забележани на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, кога биткоинот се продаваше за повеќе од 105.000 евра. Од тогаш до денес, вредноста на криптовалутата е намалена за 25%.
Извршната директорка на компанијата BTC Markets, Керолан Боуер, истакнува дека ваквото расположење на пазарот последен пат било забележано во 2022 година, кога поради растечките каматни стапки и проблеми во индустријата се случи т.н. “крипто зима” и цените на биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа.
Според неа, пазарите сега реагираат на геополитичката неизвесност и можноста за воведување царини во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека царините од 25% за Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, а исто така најави дополнителни 10% царина за кинескиот увоз.
Пекинг предупреди дека ќе преземе “сите неопходни мерки” во случај на зголемување на царините за кинескиот увоз. Трамп исто така најави царини од 25% за европските автомобили и друга роба, но без прецизирање на временскиот рамки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош