Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 18/06/2019 | 13:29

Биткоинот продолжува да расте, го помина прагот од 9.000 долари

Вредноста на биткоинот во изминативе 24 часа достигна цена од 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на CoinDesk и потсетува дека последен пат оваа цена од над 9.000 долари ја имаше во мај 2018 година.

Од почетокот на годинава, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 отсто. Биткоинот, сепак, денес забележа благ пад од 1,5 отсто на 9.157,59 долари. .

Скокот на криптовалутите се претпоставува дека е под влијание на најавите на Фејсбук, дека деновиве ќе лансира своја криптовалута. Дури некои медиуми пренесоа дека постои можност вработените во оваа компанија да примаат плата во новата криптовалута.

Биткоинот направи неверојатен пресврт оваа година, по тешката 2018 година, кога забележа пад од над 70 проценти. Експертите велат дека со вклучувањето на големи компании како што се Фејсбук i AT&T-a, во крипто берзата, помогнаа да се подигне довербата во овие валути, поради тоа што обезбедува одреден степен на легитимитет на индустрија за која подолго време се шпекулира за нелегални активности и небезбедни тргувања.

AT & T минатиот месец објави дека ќе почне да прифаќа крипто плаќања преку партнерство со BitPea.

Напишете коментар