Поврзи се со нас

Деца Родители

Бизарни предизвици на социјалните мрежи крајно опасни за децата

Објавено

на

Веста дека Министерството за внатрешни работи доби известување од Интерпол дека на „Тик Ток“ се забележани повици за самоповредување на малолетни лица, ја загрижи и интернет заедницата и целата јавност.

Оваа релативно нова мрежа, особено популарна меѓу младите и децата, е позната по снимките и предизвиците што корисниците си ги поставуваат едни на други, и ова не е прв случај на ваков повик или предизвик на „Тик Ток“ кој може да заврши со трагичен исход.

Challenges, предизвиците опасни по здравјето и животот на децата, не се карактеристични само за „Тик Ток“, ги има и на други мрежи.

Експертите предупредуваат дека на децата со почетокот на ковид пандемијата во овие времиња им недостасуваат предизвици и возбуда, како и дека поради ограничувањата на движење и заштитните мерки против ковид-19 е зголемена употребата на социјални мрежи, со што растат и шансите до младите да стигне некој од овие предизвици.

Првите сомнителни снимки на оваа социјална мрежа за кои аламира и МВР, забележани на 24 февруари од страна на група млади луѓе од Русија, а се однесува на повици односно предизвици за групно самоубиство на млади лица. Масовното алармирањето следи веќе од следниот ден по информацијата дека тој „предизвик“ за 24 часа има повеќе од 430.000 прегледи од целиот свет.

Спорeд сознанијата на МВР, како беше наведено во нивниот исказ. Вакви повици нема од профили на наша територија ниту пак од околните држави, но се апелира на будност и надзор, со цел да се избегнат какви било несакани случувања.

Во јануари годинава Италија ја потресе смртта на десетгодишно девојче, кое почина во предизвик на „Тик-ток“ чија цел била што подолго задржување на здивот. За овој случај италијанската полиција поднесе обвинение против 46-годишна „инфлуенсерка“, која објавила видео во кое ги „предизвикува“ следбениците да ги залепат носот и устата со самолеплива лента, како што направила таа и уште едно лице, за да се види кој може да издржи подолго. Полицијата оцени дека овој потег бил крајно неодговорен и опасен и против неа поведе обвинение за поттикнување самоубиство.

Издвојуваме неколку популарни предизвици на „Тик Ток“ кои важат за крајно опасни по здравјето и животот на децата, а се активни на интернет и не се карактеристични само за „Тик Ток“, ги има и на други мрежи.

Предизвик „Скршен череп“

Во овој предизвик учествуваат 3 лица. Лицата од лево и десно скокаат први, а потоа лицето во средина на кое првите двајца му ги повлекуваат нозете додека тој е сè уште во воздухот. Целта е лицето во средина да падне на земја и да ја удри главата. Колку посилно ја удрите главата, толку снимката е поефикасна.

Предизвик „Blackout“
Подразбира снимање видео додека лицето ги има залепено устата и носот со самолеплива лента натпреварувајќи се кој повеќе ќе издржи без воздух, уште и лицето се стега околу вратот со ремен или раце додека не се онесвести, за да ја почувствува состојбата непосредно пред смртта.

Предизвикот „Сечење“
„Cutting challenge“ подразбира младите луѓе кои се снимаат со цел да се охрабруваат едни со други, да си ги сечат телата со нож.

Предизвик „Пиење“
„Drinking challenge“ претставува натпревар во испивање на огромна количина пијалок или друга течност.

„Лижење WC школка“
Заради популарноста, многумина решија да го прифатат овој предизвик за лижење во тоалетот, што е особено популарно во Америка.

„Паричка предизвик“
Играта „Penny challenge бара учесниците да вметнат паричка помеѓу мобилниот полнач и штекерот, што се ризикува да ги погоди струја или предизвика пожар.

„Лепење усни со супер лепак“
Овој предизвик е особено популарен кај девојчињата. Задачата е да се подигне горната усна и да се залепи со супер лепак за да се добие ефект на зголемени, силиконски усни.

Предизвик „Цимет“
Пред неколку години, предизвик беше да се јаде цимет директно од кеса, што зеде една жртва која почина од задушување.

Експертите од оваа област потенцираат на тоа дека родителите ја имаат главната улога во оваа проблематика, особено оние кои знаат дека нивните деца се активни на социјалните мрежи, веднаш да ги проверат профилите и мобилните на нивните деца.

Овие предизвици кои најчесто започнуваат со „ако сте храбри или поразлични од остатокот од светот, направете го ова и тоа“ насочени се кон деца кои се несреќни, запоставени, очајни, кои страдаат, мислат дека родителите не ги сакаат, итн. Затоа, неопходно е родителите да обрнат посебно внимание на своите деца, во смисла на постојан надзор, често да разговараат со своите деца и да им се укаже сè што е негативно и непотребно во идејата за самоубиство.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена