Занимливости
Бизарно откритие – Пронајдена стара книга со корици од човечка кожа

Дали некогаш сте слушнале за книги со корици од човечка кожа? Истражувачите тврдат дека ги има неколку десетици во светот, а неодамна еден таков примерок е откриен и во Казахстан.
Конрад фон Уфенбах го спомнал ова необично поврзување на страниците за прв пат за време на неговата посета на Бремен на почетокот на 18 век, а за време на Француската револуција имало гласини за работилници надвор од Париз кои правеле корици за книги од човечка кожа. Денес, повеќето од преживеаните примероци потекнуваат од 19 век, а многу луѓе сè уште се прашуваат кој ги направил и зошто?
Експертите за овие необични дела велат дека лекарите се поодговорни за нивното создавање, бидејќи имале пристап до трупови, претежно криминалци, од кои ги дереле и правеле корици. Една од теориите е дека меѓу нив имало дела познати како „Танцот на смртта“, уметнички жанр што ја дискутирал универзалноста на смртта.
Друга теорија е дека еротските книги биле врзани во човечка кожа, а исто така е познато дека едно од делата на астрономот Ками Фламарион било ставено во кожата на негова обожавателка, што самата го побарала.
Последното во низата откритија
Деновиве во фокусот на интересот на светската јавност е изложена книга во Музејот на ретки публикации, кој се наоѓа во Националната библиотека во главниот град на Казахстан. Имено, ова дело, кое постои од 2014 година, досега беше познато по тоа што само 10 од неговите 330 страници се дешифрирани, меѓутоа, кога научниците решија да го испитаат потеклото на кожата од која е направена, открија дека е човечка, земена од грбот.
Ова мистериозно дело било напишано на латински во текот на 16 век и му припаѓало на писар по име Петрус Пуардис, по потекло од северна Италија. Како што веќе споменавме, најголемиот дел од неговата содржина засега е енигма, а она што експертите од Франција успеале да го дешифрираат се белешки за сметки, заеми и хипотеки.
Во соработка со Е наука
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение