Поврзи се со нас

Занимливости

Black Friday, празник на попустите – Ќе се подновите ли нешто денес?

Објавено

на

Кампањата за шопингманија на последниот петок во ноември застапена на глобално ниво, потекнува од Америка. Во Америка Black Friday е веднаш после празникот Денот на благодарноста (Thanksgiving).

„Празникот“ на шопингхоличарите во САД е актуелен уште од 1952 година. Неколку години подоцна оваа традиција заживеала и во Велика Британија, а потоа и во останатите европски земји како Германија, Австрија и Швајцарија.

Со „црниот петок“ практично почнува големата божикна шопинг-сезона. Иако официјално не е прогласен за празник, во Калифорнија и во некои други држави во САД на овој ден државната администрација е ослободена од работа. Додека во Америка, најголемите попусти се на производите од бела техника, низ европските земји со акции повеќе е опфатена гардеробата.

И трговците кај нас, последните години се почесто го вметнуваат Black Friday во своите понуди. Така, во текот на денешниот ден низ бутиците, продавниците за бела техника, за накит, обувки и друго се организирани распродажби, на задоволство на сите што го сакаат шопингот или им треба подновување. За тоа колку се реални попустите и цените на распродажба, пресудете сами!

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена