Поврзи се со нас

Гостивар

Благодарници од Општина Гостивар за лекарите херои Нешковски (постхумно), Цана и Демири

Објавено

на

„Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои.“ Ова беше последниот статус на социјалните мрежи на прерано починатиот доктор Трајче Нешковски од Гостивар. Младиот пулмолог останува запаметен како активно вклучен во борбата против ковид, пожртвуван и целосно посветен на пациентите. Во знак на почит и благодарност Нешковски постхумно доби благодарница од Општина Гостивар. Благодарници за трудот, знаењето и вниманието што го вложуваат во лекување на заболени со ковид, им беа доделени и на инфектолозите Фадил Цана и Илир Демири.

„Сите ние кои што сме имале наши роднини, пријатели кои боледувале од ковид, знаеме дека ова се лекарите коишто сме ги барале на телефон, за совет, за упатување и тие секогаш излегувале во пресрет и биле подготвени да помогнат, да го дадат својот максимум. Не би сакал да ги заборавам ни останатите медицински лица, медицински сестри, доктори кои секојдневно се во служба на пациентите и тие се хериоите на ова време“, изјава градоначалникот Арбен Таравари.

Инфектологот Цана се заблагодари за овој гест и рече дека тоа е и обврска да продолжат понатаму посветено со својата работа.

„И во мое лично име и во името на д-р Демири кој не можеше да дојде во Гостивар, затоа што е дежурен на клиника му се заблагодарувам на градоначалникот. Ова е чест, но истовремено и голема обврска да останеме пожртвувани во нашата борба со пандемијата на ковид“, рече д-р Цана.

Докторите Фадил Цана од Чегране и Илир Демири од Тетово, работат на Инфективната клиника во Скопје. Доктор Трајче Нешковски беше ангажиран во ковид центарот во Козле.

Градоначалникот Таравари најави дека на следната седница на Советот ќе достави предлог овие лекари да се прогласат за почесни граѓани на Општина Гостивар.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена