Вести
Благодарници во рацете на најуспешните ученици во Гостивар
Околу 130 ученици од основните и средни училишта од Гостивар и околните села, добија благодарници за постигнатиот успех во изминатата учебна година. Благодарници им беа врачени на основци и средношколци кои се прогласени за ученици на генерацијата, оние кои освоиле значајни награди на регионални и државни натпревари како и такви кои го претставувале Гостивар на меѓународни натпреварувања.
Признанијата им ги додели градоначалникот Невзат Бејта, а настанот се одржа во рамки на одбележувањето на утрешниот Ден на општината, 29-ти јуни.
„За мене е најголема радост кога даваме признанија на учениците кои вложиле труд, заедно со своите родители, професори и имаат постигнато добри резултати. Ова покажува дека нашиот град ќе има добра перспектива, затоа што имаме деца кои работат и учат“, изјави градоначалникот Бејта.
Во склоп на прославата на Денот на општината, има повеќе настани: прием на уметниците кои учествуваат во ликовната колонија во Гостивар, музички фестивал, а за утре попладне е закажана свечена академија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди