Поврзи се со нас

Вести

Благодeтниот оган слезе во Ерусалим

Објавено

на

Во пресрет на Велигден, во храмот на Воскресението Христово во Ерусалим, на Велика сабота слезе Благодетниот оган – Господов.

Денеска, Велика сабота 2021 година, во 13:05 часот по македонско време во Кувуклијата во Ерусалим се симна Благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на сите верници во светот.

Поради пандемијата годинава го немаше традиционалното добредојде од верниците во Кувуклијата во Ерусалим. Церемонијата се одржа со ограничен број на верници поради пандимијата на коронавирусот. На чинот на преземањето на Благодатниот оган беше дозволено да има само околу 2500 верници, со приложен доказ за вакцинација.

Фото/Reuters

Подготовките за слегувањето на Благодатниот оган започнуваат во сабота наутро. Секоја година Параклисот Божји гроб внимателно се проверува за запаливи средства со цел да исчезне секое сомневање дека чудото е плод на човечка рака. Проверки  прават претставници на муслиманската заедница во Ерусалим. Потоа вратите се запечатуваат со голема пчелин восок. Се тргаат духовници од католичката, ерменската и коптската црква кои имаат параклиси во големиот храм при Божји гроб. Тоа е знак дека сите кандила во капелата се изгаснати.

Фото/Reuters

Благодатниот оган од Ерусалим преку Атина вечер ќе пристигне и во Скопје.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена