Поврзи се со нас

Гостивар

Блокадата на Русино ќе продолжи, следуваат информативни средби за конечна одлука

Објавено

на

Пристапот до Русино ќе биде блокиран и во следните денови. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ реши рампата да остане спуштена за камиони со отпад дополнителни десет дена. Велат дека од вечерва на полноќ нема да ги пропуштаат ниту камионите од гостиварски „Комуналец“.

„На почетокот надлежните реагираа, спречија горење, затрупуваа, еве се поставија и камери. Очекуваме до понеделник да се овозможи следење на состојбата на интернет. Но, сепак последните денови повторно се случуваат пожари, отпадот чади, се шири непријатна миризба. Наша одлука е блокадата на Русино да продолжи, вклучително и за камионите од Гостивар. Во меѓувреме се одржуваат информативни средби и состаноци за да се разгледа состојбата, можностите, понудените решенија, постојниот проект и да се донесе конечна заедничка одлука“, рече Марија  Спасовска од Граѓанската иницијатива.

Доцна попладнево на местото на блокадата се одржа средба на која претставници од проектот за Управување со отпад , што го финансира Швајцарската Влада и од Центарот за развој на полошкиот плански регион, информираа за планираните зафати во склоп на проектните активности.

На прашањето на граѓаните дали и кога Русино може да се затвори, тие одговорија дека тоа е сложен процес и не може да се направи преку ноќ. Според нив најдоброто решение е стандардизирање на Русино и профункционирање на регионалното претпријатието за менаџирање со отпадот.

„ Самото затворање на депонијата опфаќа процедури на затворање и инкапсулација на отпадот. Ако во овој момент имаме алтернативна локација и ја напуштиме депонијата, таа ќе продолжи да загадува. За да престане да загадува, постои начин како се инкапсулира депонијата  и како после тоа се контролира. Не е доволно само да ја затворите. Неопходно е минимум 10 години после затворањето да ја мониторирате и да интервнирате доколку се појавуваат одредени нус последици“,  беше речено на состанокот.

Граѓанските активисти, кои од 2 август ја организираат блокадата на Русино, се залагаат за затворање и дислокација. Кај граѓаните постојат нејасности и недоверба, доколку се прифати швајцарскиот проект дали обврските ќе се реализираат во целост за санитарна депонија и како што е предвидено, планско затворање за 8 години.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 17 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 53 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена